Јохан Зарко за кратко време премина од херој во трагичар во својата прва трка во премиерната класа. Пред да падне, тој беше лидер во првите шест круга.
Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.
Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.
Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума
Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.