На претстојната Гранд При трка во САД овој викенд Кени Робертс Јуниор ќе им се приклучи на неговиот татко, Кени Робертс, како и на Американците Еди Лосон, Вејн Рејни, Кевин Шванц и Ники Хејдн и ќе стане официјална MotoGP легенда.
Екипата на GMT94 Yamaha составена од Давид Чека, Николо Канепа и Микаел Ди Мељио постигна победа по 24 часа тркање на легендарната Ле Ман. После извозени 860 кругови на Француската патека, тие успеаа да завршат пред вториот тим на Yamaha, YART.
Валентино Роси вели дека чувствувал дури и поголем притисок да постигне добар резултат на трката која се оддржа во Аргентина бидејќи тогаш одбележувал посебен јубилеј, 350-ти Гран При настап во кариерата, рекорд до кој ниту еден возач не е ниту блиску.
Франко Морбидели ја постигна втората победа по ред на трката од Moto2 Светскиот Шампионат која се оддржа во Аргентина. Морбидели рано прејде во водство и поголем дел од трката имаше предност од речиси една секунда. Пред крајот на трката Маркез успеа да му се приближи но сепак беше залудно.