Со двете последователни победи Лоренцо ја намали предноста во генералниот пласман на Маркез на 34 бода, а до крајот на шампионатот преостануваат уште 5 трки.
Победата за Чаз Дејвис од тимот на БМВ на втората трка во Нирбургринг дојде по прекин на трката пред крајот заради истурено масло на патеката. Втор финишираше Јуџин Лаверти, а на третата позиција го видовме Марко Меландри.
Лоренцо дојде до победа на патеката Силверстоун во битка за првата позиција која траше до самиот крај, а трката за ГН на Велика Британија ќе ја памтиме уште долго.