Нашите натпреварувачи во брзински мотоциклизам на Источно-Европскиот шампионат се вратија со пехар од трката на Батајница која се возеше викендов.
Нашите натпреварувачи во брзински мотоциклизам на Источно-Европскиот шампионат се вратија со пехар од трката на Батајница која се возеше викендов.
Игор Спиров - Зизи и Сашо Николов - Тумац беа единствените натпреварувачи од Македонија на трката од Источно-Европското првенство која викендов се возеше на патеката Батајница крај Белград.
Благодарение на одличното возење и освоеното четврто место на Тумац и шесто на Зизи, Македонија во екипна конкуренција се искачи на пиедесталот, земајќи го пехарот за третото место.
Сончевото време беше предуслов за бројна публика да ја проследи трката, а воедно и да ја зголеми конкуренцијата на стазата. Така во класата до 1000цц во која настапува Тумац на стартот се појавија 17 натпреварувачи. Тој трката ја започна од 7-та позиција, а на крајот успеа да финишира како четврто пласиран.
Игор Спиров на квалификациите исто така беше седми, во класата до 600цц на стартот се појавија 20 натпреварувачи, а на крајот Зизи успеа да го освои шестото место.
Новите освоени бодови ги искачија нашите мотоциклисти и на табелата во генералниот пласман, па така Зизи сега се наоѓа на 6-та позиција, а Тумац во моментот е на 3-та позиција во конкуренција од повеќе од 50 натпреварувачи колку што досега се појавиле на трките од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.