Одличен старт на првото тестирање во 2012 имаше Хорхе Лоренцо, кој со првиот настап на новата Јамаха од 1000цц оствари најдобро време на патеката Сепанг во Малезија.
Пред само неколку месеци ги следевме последните МотоГП возбудувања за 2011. Кејси Стонер, Штефан Брадл и Нико Терол беа крунисани за Светски Шампиони во своите класи, а веќе сите се со мислите кон новата МотоГП сезона..
Валентино Роси сподели слики од новиот Ducati Desmosedici GP12 со кој ќе настапи на првиот пред сезонски тест кој започнува утре на патеката Сепанг во Малезија.
Според шпанскиот блог „El Blog Del Mundial de Motociclismo“ МотоГП ЦРТ тимот Avintia Racing BQR оваа сезона нема да може да го плати Џони Хернандес, а во тимот со 5 вајлд карти ќе настапи Венецуелецот Робертино Пиетри.
Само луѓе без познавање во мото спортот можат да се сомневаат во талентот на Лоренцо, сепак во МотоГП освен талент потребен е и мотор со кој може да се оствари желбата наречена „Светски шампион“.
Фудбалскиот клуб Наполи му оддаде почит на Марко Симончели на натпреварот против Болоња кој се одигра денеска. На 20-ти јануари Марко ќе наполнеше 25 години, па целта на клубот беше да му оддаде почит на големиот мајстор.
Верувале или не, МотоГП шампионот Хорхе Лоренцо сеуште нема возачка дозвола за управување на мотор! Тој освои две титули во класите до 250цц и една во најсилната МотоГП класа, но не смее да управува мотор по јавен пат бидејќи нема дозвола.