- Напишано од: Motori.com.mk
Американскиот Супербајк шампион Бен Спиз е навистина блиску до возење на последната трка во МотоГП преку вајлд карта. Сузуки потврди дека Американецот ќе тестира за нив по Малезиското Гранд При. Спиз има 23 години и минатиот месец го победи тимскиот колега Мет Младин при што ја обезбеди втората последователна титула во АМА натпреварувањето.
Џејмс Тозленд, 24 годишниот Британец на последната трка во Супербајк, во Франција, ја освои втората титула и покрај освоеното шесто место. Норијуки Хага, победникот на денешната трка во генералниот пласман на крајот од сезоната е само два бода зад Тозленд. Од наредната сезона шампионот во Супербајк ќе се натпреварува во МотоГП за екипата на Јамаха.