- Напишано од: Motori.com.mk
- Посети: 694
За време на летната пауза во MotoGP шампионатот, во Сакарија, Турција, Топрак Разгатлиоглу сподели емотивен момент со своите милиони следбеници, качувајќи се повторно на Yamaha YZF-R1 од 2002 година. Овој мотоцикл му припаѓал на неговиот покоен татко, Ариф Разгатлиоглу, познат каскадер кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во 2017 година. За трикратниот светски шампион (SBK 2021, 2024, 2025), овој чин претставува длабок израз на љубов и носталгија кон човекот кој му ја пренел страста за мотоциклизмот.