- Напишано од: Motori.com.mk
- Посети: 286
Yamaha го прошири своето портфолио со новиот Y16ZR-R, модел од 155 кубика кој носи дизајн директно инспириран од светот на MotoGP. Овој мал градски мотор, наменет првенствено за пазарите во Југоисточна Азија, доаѓа во стандардна изведба, но и во лимитирана Pramac Racing Replica серија која вклучува специфични тркачки графики, големи налепници со стартни броеви и премиум компоненти.