(Време на читање: 2 - 3 минути)


Continental го прошири својот асортиман со новата спортска гума ContiSportAttack 5, развиена како директна еволуција на претходниот модел ContiSportAttack 4. Новата генерација носи поизразен спортски карактер и е наменета за 80% употреба на пат и 20% на патека, овозможувајќи им на возачите повремено возење на тркачка патека без потреба од менување на притисокот во гумите или користење греачи.

Во споредба со ContiSportAttack 4, кој имаше сооднос 90/10 во корист на патната употреба, новиот модел е повеќе ориентиран кон спортско возење. Наменет е за суперспорт и нејкед мотоцикли со високи перформанси, како BMW S 1000 RR, BMW S 1000 R, Yamaha YZF-R9, Kawasaki Z 900 и KTM 1390 Super Duke R EVO...

continental_pp_contisportattack-5_3-scaled_5_11zon-18

Една од клучните карактеристики на ContiSportAttack 5 е новата структура на каркасот со променлива цврстина. Во централниот дел металните појаси се погусто распоредени за поголема стабилност, додека кон краевите структурата станува пофлексибилна. На тој начин гумата ја задржува стабилната контактна површина и при поголемо навалување, дури и кога внатрешниот притисок се зголемува при интензивно возење на патека.

Новиот ContiSportAttack 5: дизајниран за љубителите на спортското возење

BlackChili и подобро однесување на влажно

За подобро прилепување Continental ја користи најновата еволуција на својата BlackChili смеса, развиена за конзистентно однесување при големи оптоварувања, силно забрзување и поголеми агли на навалување. Истовремено, зголемената содржина на силика и технологијата RainGrip придонесуваат за поголема сигурност и на влажен асфалт.

Новиот ContiSportAttack 5: дизајниран за љубителите на спортското возење

Промени има и кај шарата. Поголемите „slick“ зони при максимално навалување обезбедуваат поголема контактна површина, додека распоредот на каналите е направен така што треба да обезбеди баланс меѓу спортското однесување, стабилноста и одведувањето вода.

Новиот ContiSportAttack 5: дизајниран за љубителите на спортското возење

Повеќе прецизност и подобра повратна информација

Технологијата MultiZoneBelt користи различна поставеност на челичниот појас во зависност од зоната на гумата. Во централниот дел намотките се погусто поставени за стабилност при големи брзини, додека кон рамениците структурата е поотворена за поголема контактна површина при навалување. Прогресивната транзиција меѓу овие зони овозможува полесно и поприродно менување на правецот.

Новиот ContiSportAttack 5: дизајниран за љубителите на спортското возење

Continental посебно работел и на прецизноста на управувањето. Новата конструкција на каркасата ѝ помага на гумата попрецизно да ја задржи избраната линија, а до возачот да пренесе појасна повратна информација. Во пракса, тоа треба да значи помалку корекции при возење низ свиоци и поголема сигурност при повисоко темпо.

Оптимизирано е и времето потребно за достигнување на работната температура, додека технологијата TractionSkin овозможува гумата да се користи веднаш по монтажата без долг период на „развозување“.

И покрај значително поспортскиот карактер, ContiSportAttack 5 не е тркачка гума хомологирана за пат. Наместо тоа, Continental ја позиционира како спортска гума првенствено наменета за пат, но со доволно способности за возачите кои повремено сакаат својот мотоцикл да го изнесат и на тркачка патека.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: