(Време на читање: 1 минута)


Бред Пит можеби ќе глуми во новите епизоди на серијата „Sons of Anarchy“

Тој е сопственик на голема колекција специјално изработени мотоцикли како и на моделот на Ducati, Demosedici. Слободно можеме да кажеме дека Холивудската ѕвезда Бред Пит ги сака мотоциклите. Токму поради тоа, тој би можел да се појави во новите епизоди на популарната серија, Sons of Anarchy.

85645

Британскиот актер Чарли Хунам, кој во серијата го глуми Џекс Телер, во последно време зборува за продолжување на популарната серија. Хунам изјави дека креаторот на серијата, Курт Сутер, се обидува да го покрене проектот и додаде дека би било одлично доколку се точни гласините дека Сутер се обидува да го ангажира Бред Пит да глуми во серијата.

Сутер неодамна изјави дека дејството во новата сезона во која би бил вклучен и Пит, би се одвивала за време на војната во Виетнам и дека таа ќе има само 12 епизоди. Тој исто така изјави и дека работи на нова моторџиска серија.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: