(Време на читање: 1 - 2 минути)


По беспрекорниот старт на новата сезона од Светскиот Супербајк шампионат, Џонатан Реа вели дека има дополнителна мотивација за да ги остави ривалите зад него на патеката.

Џонатан Реа изјави дека по беспрекорниот старт на новата сезона, има и дополнителна мотивација за да ги остави неговите ривали зад него на патеката.

Возачот на Kawasaki Racing има перфектен старт откако оствари двојна победа на трката на Филип Ајленд. Во последниот круг тој успеа да го победи возачот на Ducati, Чез Дејвис.

Реа сега заминува за Тајланд и таму ќе се обиде да го задржи досегашниот учинок. Минатата година тој доминираше на оваа патека и оствари двојна победа, стартуваше од првата позиција и имаше најбрз извозен круг.

PA1854891.0008

„Тоа што одам во Тајланд после остварена двојна победа на трката во Австралија ми причинува големо задоволство и ме мотивира“, изјави Реа.

Откако Светскиот Супербајк шампионат дебитираше во новиот формат, првата трка сега се оддржува во сабота попладне, а втората во недела. Реа вели дека промената го зголемило значењето на слободниот тест што го имаат во петок.

„Петокот е важен ден бидејќи треба да го прилагодиме мотоциклот. Во сабота веќе се натпреваруваме“, изјави Реа.  „Со новиот распоред имаме малку поинаква стратегија.“

„На Филип Ајленд имавме среќа па затоа во Тајланд мораме добро да се подготвиме. Се надевам дека во сабота и недела ќе имаме добри резултати.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: