По оправданата пауза ducati го најави 11 издание на нивниот традиционален годишен настан: World Ducati Week

World Ducati Week ќе се одржува на патеката во Мизано, Италија во јули. Точните датуми се 22 до 24 јули а традиционалано ќе се одржува како што веќе наведовме на Misano World Circuit Marco Simoncelli домот на MotoGP трките од 2007 година. 

Настанот е прослава на се што е поврзано со брендот, отворен е за сите посетители од различни возрасти, националности, пол и мотор кој го возат. 

WDW18 Day2 20 Gallery 906x510

На самиот настан ќе содржи бројни различни активности кои во текот на тие 3 дена ќе треба да им понудат уникатно искуство на сите љубители на моторите, не само на т.н. дукатисти. Веројатно најпривлечниот настан ќе биде трката на шампионите во која некои од возачите на Ducati тимовите од MotoGP и WorldSBK ќе се натреваруваат. Се разборира ќе има и сесии за запознавање на возачите, делење автограми но ќе има и средби и предавања и со техничарите, лидерите на тимовите и поранешни Ducati возачи. 

Влезниците се во продажба а убавиот дел е што може да си купите влезница која ќе му даде пристап и на вашиот мотор не само на вас. Ова значи дека ти и твојот мотор може да бидете на патека во Мизано со уште стотици други фанови на Ducati.  Да бидеме рални цените на влезниците не се превисоки, ама дека ќе остане целиот трошок само на влезница кога ќе влезе човек таму, тешко. Инаку дневна влезница чини околу 40 евра со мотор, а за три дена помалку од 100. 

Ако ти звучи ова примамливо тука ги има сите детали и можност за купување влезници:  World Ducati Week 2022

Back To Top