(Време на читање: 1 - 2 минути)


Indian Motorcycle го ангажирање рели возачот Себастиан Лоеб како свој промотер. 

sebastien loeb indian motorcycles ambassador

Неприкосновениот WRC шампион и скорешен вице првак на Dakar 2022, огромен ентузијаст на се што има механика, отсега ќе вози и на две тркала и тоа Indian FTR R Carbon. На свои 47 години Лоеб уште е активен на најтешките настани во годината а пред некоја недела се натпреварување и во Монте Карло на традиционалното прво WRC речли во годината каде и победи. До сега се има натпреварувано меѓу другите и на The World Touring Car Championship, Pikes Peak, Rallye Cross, Dakar Rally, and Xtreme E. 

loeb indian

Лоеб на своите натпреварувачки почетоци всушност се наптреварувал со скутери. Подоцна возел и брзи мотори а се има пробано и во еднуро категоријата. Со новиот договор меѓу Лоеб и Indian нема тркање има само стил и класа. Тоа е тоа што ги спојува овој спортист и прекрасниот модел на Indian - FTR. Тоа и се вели во изјавата на менаџерот на Indian Motorcycles во Франција, FTR нуди уникатен стил и перформаси кои се се што всушност бара Себаастиен од неговиот нов мотор. 

Лоеб изјави дека многу почесто го гледаме зад воланот на некој автомобил а не на мотор но тој тој ја користи секоја прилика да седне на две тркала и да ужива, а сега неговиот FTR R Carbon ќе му донесе плус и многу забава. 

По се изгледа универзумот си работи за да постигне баланс. Роси отиде во светот на автомобилите а Лоеб се вмеѓува во светот на две тркала. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: