На 15 мај во Скопје по петти пат ќе се одржи бавната трка насловена „не е сè во брзината” во организација на Мото Клуб Вепар.

По успешните четири изданија, денес скопскиот мото клуб Вепар го најави и петтото мини јубулејно издание на нивниот настан. Ќе се одржи во зоната на  Мото Клуб Вепар на Булевар Илинден 140, Скопје. Организиторите за оваа година најавија и награди за сите победници, I, II и III место, во секоја категорија. 

Дополнително, по трката ќе следи и забава со музичка програма и други интересни содржини кои дополнително ќе бидат објавени! Трките започнуваат во 11 а забавата во 14 часот. Учеството е бесплатно а може да се пријавите на следнава форма: Пријава за Бавна Трка
 
Back To Top