По азиската турнеја, MotoGP шампионатот пристигнува на една од најлегендарните патеки во светот на мотоциклизмот за Red Bull Големата награда на Австралија. Возачите ги очекува Phillip Island, патека која со децении важи за една од најбрзите, најтечните и највозбудливите во календарот, за жал, за последен пат.
Phillip Island Grand Prix Circuit
Сместена јужно од Мелбурн, на островот Phillip Island, патеката е вистински симбол на австралискиот мотоспорт. Првите автомобилски трки биле организирани уште во 1920-тите години на јавни патишта, додека првите мотоциклистички трки се одржале во 1931 година.

Постојаната патека била изградена во 1956 година и по големата реконструкција во средината на 1980-тите повторно станала еден од најважните мотоспорт центри во Австралија. MotoGP се врати на Phillip Island во 1989 година, а од 1997 година австралиската рунда е постојан дел од календарот.
Со спектакуларен поглед кон океанот и брзи свиоци кои не простуваат грешки, Phillip Island редовно нуди некои од најдобрите трки во целата сезона.
Спецификации на патеката:
- Вкупна должина: 4.45 km
- Ширина: 13 m
- Најдолг правец: 900 m
- Десни свиоци: 5
- Леви свиоци: 7
Ова е последна планирана трка на Филип Ајленд, од следната година МотоГП шампионатот се сели на патеката Аделаида за Гранд При трката на Австралија.
Распоред за следење на трките во Австралија:
Петок – 23 октомври
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 00:00-00:35 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 00:50-01:30 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 01:45-02:30 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 04:15-04:50 | Moto3™ | Тренинг |
| 05:05-05:45 | Moto2™ | Тренинг |
| 06:00-07:00 | MotoGP™ | Тренинг |
Сабота – 24 октомври
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 00:25-00:55 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 01:10-01:40 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 01:50-02:05 | MotoGP™ | Квалификации бр. 1 |
| 02:15-02:30 | MotoGP™ | Квалификации бр. 2 |
| 03:45-04:00 | Moto3™ | Квалификации бр. 1 |
| 04:10-04:25 | Moto3™ | Квалификации бр. 2 |
| 04:40-04:55 | Moto2™ | Квалификации бр. 1 |
| 05:05-05:20 | Moto2™ | Квалификации бр. 2 |
| 06:00 | MotoGP™ | Tissot Спринт (13 круга) |
Недела – 25 октомври
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 00:40-00:50 | MotoGP™ | Загревање |
| 02:00 | Moto3™ | Трка (21 круг) |
| 02:15 | Moto2™ | Трка (23 круга) |
| 04:00 | MotoGP™ | Гран При (27 круга) |
Важно: Во недела, 25 октомври, во 03:00 часот започнува зимското сметање на времето, кога часовникот се враќа еден час наназад на 02:00 часот. Поради тоа, Moto3 трката стартува во 02:00 часот по летно сметање, додека Moto2 трката е закажана во 02:15 часот по зимско сметање на времето, веднаш по поместувањето на часовникот.
Коментари