(Време на читање: 1 - 2 минути)


По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, на 28-ми август (петок) во Старо Нагоричане на патеката Забел, ќе се одржи традиционална мотокрос трка.

motokros Zabel 2011

По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, на 28-ми август (петок) во Старо Нагоричане на патеката Забел, ќе се одржи традиционална мотокрос трка.

Трката оваа година е во организација на мото клубот Вардар од Скопје, во соработка со општината Старо Нагоричане. Предвидени се трки во класите МХ1, МХ2, МХ3 (отворена класа) и МХ85, а најавени се и гости од Србија и Грција. Имајќи во предвид дека ова е прва трка за годинава во Македонија се очекува голем интерес и од домашните возачи, а веќе е потврдено и учеството на Христијан Илиоски - Кико, Борче Костов - Жолт и Христијан Станкович кои по завршувањето на трката во Куманово ќе продолжат кон Бугарија каде ќе настапат на трките од Источно Европскиот шампионат во мотокрос.

Трката покрај традицијата годинава ќе има и меморијален карактер во чест на загинатиот припадник на МВР во Куманово, Бобан Ивановиќ. Неговото семејство во знак на благодарност ќе организира вечера за учесниците на трката. Организаторот на трката обезбеди и награди за нај успешните во сите класи. За секој победник се обезбедени две гуми (предна и задна), второ пласираните ќе добијат по една задна гума, додека пак за третата позиција наградата е една предна гума.

Според програмата, во 7.30 ќе започне пријавувањето на учесниците, а веднаш по тоа и слободниот тренинг кој ќе трае до 9.30. Во 10 е закажано свеченото отворање на трката по што ќе започнат возбудувањата на првата трка во сезоната. Патеката Забел има одлична поставеност и овозможува следење на сите возбудувања од една локација, затоа во петок дојдете во Старо Нагоричане и уживајте во мајсториите на нашите кросисти. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: