(Време на читање: 1 - 2 минути)


Шампионатот во мотокрос на Македонија започнува викендов со првата трка која ќе се вози на патеката Орман крај Скопје.

Во техничка организација на МК Мотори - Скопје, првата трка ќе се бодува во класите MX1, МХ2, МХ Јуниор, MX, MX Сениор, MX85, МХ65 и MX50.

669194998 1280329084224474 8863328789821331538 n

Трката ќе се одржи на патеката Орман која е со должина од 1750 метри и минимална ширина од 6 метри, а стартот изнесува 80 метри. Се работи за добро позната патека на која активно се работи за подобрување на условите. Патеката има висинска разлика од 30 метри и претставува предизвик за многу возачи. Заради подготовки за претстојната трка, патеката ќе биде затворена за слободен тренинг до 25.04.

Според програмата се работи за еднодневен настан кој започнува во 08.00 часот со техничкиот преглед и верификација, а треба да заврши во 17.05 со прогласувањето на победниците. Првата трка на програмата е во 11:45 часот.

Целосен распоред: 

  • 08:00-09:30  технички преглед и верификација на возачи
  • 09:30-09:40 прва седница на жири и брифинг со возачите
  • 09:45-10:00 службен тренинг MX,МХ Сениор (задолжителен 1 круг)
  • 10:05-10:20 службен тренинг МХ1,МХ2 (задолжителен 1 круг )
  • 10:25-10:40 службен тренинг MХ јуниор,МХ спори возачи,(задолжителен 1 круг)
  • 10:45-11:00 Службен тренинг МХ 65,МХ 85 (задолжителен 1 круг)
  • 11:25-11:35 втора седница на жири
  • 11:35-11:40 Свечено отварaње на трката
  • 11:45-12:05 прва трка MX,МX Сениор (15 минути плус 2 круга)
  • 12:10-12:40 прва трка МХ1,MX2 (20 минути плус 2 круга)
  • 12:45-13:05 прва трка МХ јуниор,МХ спори возачи (15 минути плус 2 круга)
  • 13:10-13:30 прва трка МХ65,МХ85 (12 минути плус 2 круга)
  • 13:30-15:00 Пауза за одмор и полевање
  • 15:05-15:25 втора трка МХ,MX Сениор (15 минути плус 2 круга)
  • 15:30-16:00 втора трка МХ1,MX2 (20 минути плус 2 круга)
  • 16:05-16:25 втора трка МХ јуниор,МХ спори возачи (15 минути плус 2 круга)
  • 16:30-16:50 втора трка МХ65,МХ85 (12 минути плус 2 круга)
  • 16:55-17:05 трета седница на жири
  • 17:05 прогласување на победници
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: