(Време на читање: 1 минута)


skap-benzinМалопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поскапува за два денари за литар, дизелот и екстралесното за половина денар, додека цената на килограм мазут се зголемува за 1,5 денари..

skap-benzinМалопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поскапува за два денари за литар, дизелот и екстралесното за половина денар, додека цената на килограм мазут се зголемува за 1,5 денари.

Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 86 денари, а литар Еуросупер БС-98 по рекордни 87,5 денари.

Новата цена на литар Еуродизелот изнесува 75 денари, на Есктралесното масло за домаќинство 63,5 денари, додека цената на килограм мазут М-1 НС изнесува 49,389 денари.

Со најновото поскапување, цената на нафтените деривати во Македонија достигна историско високо ниво, откако пред само две недели горивата поскапеа по три денари за литар.

Извор: Кајгана

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: