(Време на читање: 1 минута)


Мото клубот Мечки од Куманово по шести пат ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“.

dedo-mraz-na-motor

Мото клубот Мечки од Куманово по шести пат ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“.

Собирањето ќе биде во „BikerPub“ во Куманово во 11 часот, за во 12 да се посетат дечињата од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово.

Иако до настанот има повеќе од еден месец, најавата ја правиме за да имате доволно време да се подготвите, да си купите костим или капа од Дедо Мраз кои се продава за смешна сума во скоро секоја продавница за играчки.

Како и до сега, независно од временските услови акцијата ќе се одржи. Предновогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што пишуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме нај-масовната акција до сега.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: