Во организација на Мото Асоцијацијата на Македонија, а со мото клубот Go Bikers како домаќини, бројни моторџии и мото клубови се собраа во Гостивар на заедничко дружење со кое симболично беше означен крајот на сезоната.
На собирот присуствуваа претставници на мото клубови, независни моторџии и љубители на мото културата, кои имаа можност за уште едно заедничко дружење пред завршувањето на сезоната.
Покрај моторите и дружењето, за добрата атмосфера се погрижи музичката група Plan G, додека Club Hard Rock обезбеди гостопримство и поддршка за одржувањето на настанот.
Од Мото Асоцијацијата на Македонија изразија задоволство од успешната реализација на собирот, упатувајќи благодарност до сите клубови и поединци кои присуствуваа, како и до Go Bikers Gostivar за организацијата и гостопримството.
Благодарност беше упатена и до Министерството за внатрешни работи за соработката и поддршката во безбедното одржување на настанот.
Од МАМ нагласуваат дека ваквите собири имаат важна улога во зајакнувањето на соработката меѓу мото клубовите, создавањето нови пријателства и понатамошниот развој на мото културата во Македонија.
Иако со овој собир симболично беше означен крајот на организираната мото сезона, пораката од Гостивар е дека моторџиските пријателства не завршуваат со последното заедничко возење во сезоната.
Сезоната завршува, но моторџискиот дух продолжува.


Коментари