(Време на читање: 1 минута)


Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

Honda во 2017 ни ги претстави премиум и хомологациските модели, а на мото шоуто EICMA, конечно можевме да го видиме основниот модел на Honda CBR1000RR. 

20180712 104530

Како што можевме и да очекуваме, основниот модел на Honda CBR1000RR користи суспензија и сопирачки со пониски спецификации отколку SP моделот. Но за среќа, ги задржи сите други подобрувања во однос на моторот, шасијата и електрониката. Меѓу нив се вклучени и титаниумскиот резервоар, внатрешните модификации на моторот и новите бандажи. Honda CBR1000RR 2018 развива 190 коњски сили и има тежина од 195 килограми.

Во однос на промените, мотоциклот има 43mm, BPF, Showa вилушка напред, а предните сопирачките користат четири клипни „Tokico“ шепи.

Како што веќе видовме и кај моделите SP и SP2, основниот модел на Honda CBR1000RR ќе има радијални сопирачки како и пет-оскино IMU кое ќе помогне во контролата на тракцијата. Цената на овој модел кај нас изнесува 18.590 евра.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: