Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 34-то по ред мото рели Македонија - Независност 2025.
34-то мото рели Македонија - Независност ќе започне во Скопје на 6-ти септември (сабота) и ќе се вози до 8-ми септември (понеделник).

Пријавувањето за традиционалното Рели Независност 2025 е во тек и ќе трае се до 02 септември 2025 година. Рокот е со цел навремено да се подготват сите материјали за учесницитие и местата во кои ќе поминува самото рели. Котизацијата за учество изнесува 1.800,00 денари за возач и 1.200.00 денари за совозач и истите треба да се уплатат на сметката на Мотоциклистичка Федерација на
Македонија или во готово секој ден од 11 до 18 часот во просториите на МФСМ (сабота до 15ч).
Пополнета пријава за учество треба да се достави до организаторот.
Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2025
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
НЛБ Тутунска Банка Скопје
Според предвидената агенда, ќе се вози според следната рута:
Почеток во 10 часот од Скопје (06.09.2025)
Ден 1: Плоштад Македонија - Скопје - Куманово - Кратово - Пробиштип пауза за доручек - Кочани - Виница - Берово пауза ланч пакет - Срумица пауза Освежување - Дојран ноќевање и вечера во 19.30 часот. Плажа „Stage“ каде ќе има организирана забава

Ден 2: Дојран - Гевгелија - Неготино - Кавадарци пауза ланч пакет и освежување - Прилеп - Битола ланч пакети освежување - Ресен - Галичица - Охрид ноќевање вечера и организирана забава во Ресторан „Holiday-M“ Охрид (до Бонанса во близина на Хотел Силекс). во 20.00 часот

Ден3: Охрид - Кичево пауза ланч пакет и освежување - Стража - Тетово - Скопје

Финиш во Скопје на плоштад Македонија.
Вкупна рута: 773км.

Коментари