(Време на читање: 1 - 2 минути)


41717A911D962E46A0D2AAA006A2BB84Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија

Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија

41717A911D962E46A0D2AAA006A2BB84Криминалните банди "Пеколни ангели" и "Бандидос" го зголемуваат своето влијание во Европа поврзувајќи се со локалните моторџиски групи, посебно во Источна Европа, пишува вчера норвешкиот дневен весник Афтенпостен". Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија.

460E79C5A706C84CA34E666D0697D161Паневропската полициска агенција Европол укажува дека нивото на активноста на криминалните моторџиски банди рапидно се зголемува, при што многумина од членовите на таквите банди се мултикримналнци. Вршат уценувања, убиства, тортури, шверц на оружје и наркотици и грабежи.
Еден од методите за добивање поголема контрола врз трговија со наркотици е преку склучување прекугранични сојузи со поголеми и помали моторџиски клубови во разни земји. На таков начин моторџиските банди добиваат подобра инфраструктура, повеќе ресурси и искуство, посебно за водење шверц со дрога преку Југоисточна Европа со користење на балканскиот правец.
Ваквиот развој на настаните, според Европол, е проследен со значајни ризици од борби за тертироии, при што се предупредува дека полициите во Југоисточна Европа сега се среќаваат со противник на кој не се навикнати во својата работа, пишува Афтенпостен".

Извор: Вечер

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: