(Време на читање: 1 минута)


По промоциите во Маврово и Пониква овој викенд CFMOTO караванот ќе биде на Попова Шапка. Искористете го овој викендот (22-23 јануари), да се запознаете со новиот ексклузивен модел на CFMOTO UTV 1000 XL.

CFMoto ponikva

Во организација на CFMOTO Македонија, изминатите неколку дена беа реализирани и ќе се реализираат неколку презентациски промоции во зимските центри во државава. Овој викенд караванот е на Попова Шапка и покрај стандарните квад модели од понудата на CFMOTO, ексклузивно пред јавноста ќе биде презентиран и новиот CFMOTO UTV 1000 XL. 

CFMOTO UTV 1000 XL е наменско возило со капацитет да пренесе 6 патници и товар. Придвижувано е од можниот 963cc V-твин мотор со можност од 71 КС. Има голем товарен капацитет во отворениот заден дел а дополнително има т.н. drive-by-wire електронска гас која овозможува глатко оперирање и мирно возење. Возилото сериски даѓа со 5 инчен TFT екран, LED светла и Bosch електеронски систем за вбризгување на гориво. 

Возилата ќе бидат изложени на платото до планинарскиот објект Конак на скијачките терени на Попова Шапка. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: