Исто како и човечкото тело, и мотоциклите можат да издржат многу и да продолжат да работат.
Но постојат многу начини на кои можете да го расипете мотоциклот. Често тие се случуваат поради незнаење, неспособност или негрижа. Чувајте го вашиот мотоцикл и тој ќе ве чува вас.
1. Не го оддржувате вистинскиот притисок на пневматиците
Мотоцикли, автомобили, камиони, има милиони возила низ светот кои возат со лошо напумпани гуми. Поради оваа причина вие трошите повеќе гориво и побрзо ја уништувате гумата. Некои луѓе го проверуваат притисокот на пневматиците пред секое возење, што не е лоша идеја доколку возите цел ден, но обидете се да го направите тоа барем еднаш неделно. Проверете ги пневматиците кога е ладно и следете го упатството кое е залепено на плочката на вашиот мотоцикл. Кога го проверувате притисокот, проверете и дали има нешто закачено на гумите или дали тие се оштетени.
2. Трошите пари на премиум гориво а на вашиот мотоцикл не му треба тоа
Упатството што ќе го добиете со мотоциклот или налепницата на резервоарот ќе ви кажат со колку октани треба да биде горивото што го ставате во вашиот мотоцикл. Многу од денешните мотоцикли користат премиум гориво, но некои модерни мотоцикли и голем број од постарите користат обично гориво. Ако користите гориво кое што има помалку октани отколку што е препорачано е лошо. Може дури и да го расипе моторот. Но користењето на гориво кое има повеќе октани отколку што е препорачано, е залудно трошење на вашите пари (нека не ви влијаат рекламите и муабетите од пријателите).
3. Нередовната проверка и промена на маслото
Сите мотори со внатрешно согорување имаат потреба од соодветно подмачкување за да се намали топлината. Некои мотори, особено постарите, трошат повеќе масло. Без разлика дали тоа го прават додека работат или едноставно истекува од некаде. Создадете си навика редовно да го проверувате нивото на маслото. Проверете во упатството после колкав период треба да го промените маслото. Филтрите за масло собираат прашина и метални делови. Затоа ставете и нови филтри кога го менувате маслото.
4. Заборавате да го исчистите, подмачкате и прилагодите ланецот
Сами можете да си направите проблем доколку не внимавате на состојбата на ланецот на мотоциклот. Доколку имате постар мотоцикл, тогаш сигурно имате ланец кој бара повеќе внимание и оддржување. Но повеќето нови мотоцикли имаат O-ring ланец. Тие имаат мали додатоци кои спречуваат прашината да се залепи на ланецот. Повеќето упатства препорачуваат подмачкување на ланецот на секои 400 до 500 милји. Но доколку возите на влажни или суви услови, тогаш треба почесто да го подмачкувате, можеби дури и секој ден. Доколку е можно, пред да го подмачкате ланецот, исчистете го. Подмачкајте го ланецот откако ќе завршите со возење, додека тој е се уште топол, за да може маслото да навлезе во сите делови. Навалете го мотоциклот и подмачкајте го ланецот одоздола. Откако ќе го исчистите и подмачкате, проверете го притисокот на ланецот. Доколку има потреба, прилагодете го.
5. Не користите стабилизатор за гориво
Оние од вас што имаат мотоцикли со електронско вбризгување на горивото, бидете среќни и продолжете понатаму. Но оние чии мотоцикли имаат карбуратори и кои не сте ги возеле подолг период, може да затнат од старото гориво кое се таложи на дното. Регуларна употреба на стабилизатор за гориво, и празнењето на резервоарот доколку не планирате да го возите мотоциклот подолг период, се најдобриот начин да го заштитите системот за гориво.
6. Заборавате да ги подмачкате и прилагодите гаста, кумплунгот и сопирачките
Каблите кои ги контролираат гаста, кумплунгот и сопирачките се особено важни компоненти, но на кои често не им обрнуваме доволно внимание. Леплив кабел кој правилно не се движи напред-назад може да претставува голема опасност. А доколку се скине кабелот тогаш ќе немате што да правите. Според Motion Pro, произведител на голем дел од компонентите на еден мотоцикл, контролните кабли на мотоциклот мора да се подмачкуваат и прилагодуваат после секое возење. Тоа е особено важно за off-road мотоциклите. Ви препорачуваме да го прочитате упатството „Cable Maintenance 101“ од Motion Pro.
7. Не користите полнач за акумулатор
Дури и ако вашиот мотоцикл е паркиран во гаражата, со текот на времето батеријата ќе се испразни. Вашиот акумулатор може да се расипе доколку се испразни. Најдобриот начин да го сочувате вашиот акумулатор е да користите полнач, како на пример YEC-8. Тој е опремен со микропроцесор кој му овозможува да врши разни работи, меѓу кои и да го провери акумулаторот. Исто така, тој ќе го оддржи вашиот акумулатор во оптимална состојба.
8. Не го проверувате и менувате маслото во карданот
Многу возачи сакаат мотоцикли кои имаат пренос со кардан, бидејќи не им треба многу внимание. Иако се потешки од останатите, овие мотоцикли не фрлаат масло врз рамот или задната вилушка и не треба да се прилагодуваат или менуваат. Но брзините се подмачкуваат со масло кое треба редовно да се проверува и менува во согласност со упатството. Кај повеќето мотоцикли прв пат треба да се промени маслото после поминати 900 километри, а понатаму на секои 20000 километри. Тоа е доволно долг период за да заборавите, но последиците за тоа ќе бидат многу скапи.
9. Не ја менувате течноста за сопирачките
Ова е уште една работа која лесно се заборава. Хидрауличните сопирачки работат одлично, особено модерните видови. Но за да работат добро сопирачките, хидрауличната течност, треба редовно да се менува. Повеќето упатства препорачуваат менување на течноста на секои две години и менување на цревата на секои четири години. Следењето на овие упатствата е од голема важност доколку сакате да го сочувате вашиот мотоцикл.
10. Не го читате упатството на производителот
Ова е од голема важност бидејќи упатството ги содржи сите потребни информации. Многу малку луѓе го читаат целото упатство, но барем можете да го разгледате за да знаете што има во него. Повеќето упатства имаат делови за безбедност, општи информации, спецификации, редовно оддржување/ прилагодување и гаранција. Вашиот прирачник има информации за притисокот на пневматиците, видот на гориво, проверката и менувањето на маслото, прилагодување на суспензијата и уште многу други информации. Доколку е можно, чувајте го упатството во мотоциклот. Исто така добра идеја е да купите и прирачник конкретно за вашиот модел.