Секому му се случило да му се дупне гума на моторот. Но како да се залепи дупката кај тубелес пневматиците и дали воопшто треба да се лепат, е интересно прашање.

Секому му се случило да му се дупне гума на моторот. Но како да се залепи дупката кај тубелес пневматиците и дали воопшто треба да се лепат, е интересно прашање.  Се зависи од тоа кого ќе прашате. Искрено, возачите постојано ги лепат гумите, но често тоа го прават со многу мало знаење како тоа вистински се прави, а и воопшто не се запознаени со ризиците доколку возите со таква гума. Во овој текст ќе ви дадеме неколку совети со цел да бидете подобро информирани доколку ви се дупне гума.

mcy0416 mcg main

Една од причините зошто нема вистински одговор на прашањето дали да ја залепите гумата или не, е фактот дека секој производител на пневматици има различно мислење по ова прашање.

Ставот на Continental, Michelin, Pirelli и Shinko е јасен. „Не правете го тоа. Повикајте соодветна помош.“ Овие производители сметаат дека е преголем ризикот за возачот доколку вози со лепена гума. Повеќето дилери на мотоцикли и механичарски работилници го делат истото мислење.

И тоа е во ред. Пневматиците се единствениот дел од мотоциклот кој се допира со асфалтот, а поради лошо залепената гума, многу повеќе делови од мотоциклот би можеле да дојдат во контакт со асфалтот. Но и покрај тоа, повеќето возачи не сакаат да го послушаат овој совет, особено кога имаат купено сосема нов пневматик кој чини 250 евра.

Другите брендови како што се  Avon, Bridgestone, Dunlop и Metzeler, имаат мислење кое е повеќе во согласност со она што потрошувачите сакаат да го слушнат. Да, дупките може да се затнат во вонредна ситуација.

Иако овие компании се согласни дека само поправката на пневматикот од внатрешна страна е единствена прифатлива поправка, секоја фирма има свои посебни правила и рестрикции. Но еве неколку работи за кои сите се согласуваат.

Сите се согласни дека дупката може да се залепи доколку се наоѓа на горниот дел од гумата. „Не може да се залепи страничниот дел бидејќи нема структура која ќе може да го држи чепот,“ смета Т.Ј. Тенент од Bridgestone. „Но и на горниот дел треба да се внимава, бидејќи колку е поблиску до краевите, толку помалку ќе издржи чепот,“ вели Макс Мартин од Gryyp. Мора да има најмалку 0.8mm од шарата на гумата. Доколку има помалку, тогаш чепот нема да држи.

Големината и обликот на дупката е исто така важен фактор. Скинатите делови не може перманентно да се поправат, а во однос на големината на дупнатите делови, тоа зависи од самата компанија, од  3mm кај Avon па се до 6.8mm кај Dunlop. Под претпоставка дека дупката не е многу голема и е направено на место на кое таа би можела да се залепи, гумата сепак треба внимателно да се провери.

uo 1000x600

После овие основни работи, мислењата се разидуваат. На пример, Avon забранува поправка на гуми кои имаат рејтинг на брзина поголем од V. Според Bridgestone, секоја поправена гума губи од својот рејтинг за брзина и е лимитирана на 130км/ч. Според Dunlop, секој гума која добила моментална поправка подоцна не може повторно да се поправа, а Metzeler се повикува на регулациите кои ги има секоја држава посебно.

Секој производител кој дозволува лепење на пневматиците, вели дека после тоа задолжитело гумата мора да се провери. Зошто е тоа така? Бидејќи тубелес гумите нема веднаш да го испуштат притисокот, сосема е можно возачот да не забележи дека има проблем. Тоа не е невообичаено и може да доведе до оштетување на внатрешната гума.

Покрај ова, може да дојде и до оштетување на шарата. Ова е особено важно кај пневматиците кои имаат челични жици. Поради влагата, може да дојде до рѓосување на жиците и евентуално тие ќе се распаднат.

Секое оштетување на структурата на гумата може да доведе до катастрофални последици и токму поради тоа мора внимателно да се провери гумата.

Сето тоа е во ред, но што ако не можете да ја замените гумата или не можете да ја проверите? „Направете што можете и гледајте што е можно побрзо да стигнете до безбедна локација,“вели Т.Ј. Тенент.

TirePlug08

Тука на помош ќе ви дојдат чеповите. Чести опции се чеповите во вид на печурка на „Stop & Go“, острите чепови на „Dynaplugs“, или пак течните производи на „Slime and Ride On“. Секој од овие производи си има своја предност, некој е поевтин, а некој полесно се мести, но најважно е дека тие се за итни случаи. Од сите овие опции, чеповите во вид на печурка на „ Stop & Go“ се прифатени од производителите, пред се од Avon and Metzeler. И не заборавајте дека откако ќе го ставите чепот, сепак ќе треба да ја напумпате гумата.

Доколку пред да почнете да го читате текстов имавте цврсто мислење во однос на поправката на гумата, а сега се двоумите, се извинуваме. Како што кажавме на почеток, различни луѓе различно ќе ви кажат што треба да направите доколку ви се дупне гума. Но сепак, единствениот на крај што одлучува сте вие самиот. Се надеваме дека текстов ќе ви помогне полесно да донесете одлука.

„Порано ќе кажев дефинитивно не“, вели Сукоши Фахеј, маркетинг менаџер во Avon. „Но, опциите се зголемија“. Во минатото главната грижа беше поради флексибилноста на пневматиците, лепенката би можела да се прегрее и да пукне. Но денешните гуми се поригидни и нема да се појават проблеми доколку користите внатрешна гума во соодветна големина. Сепак, Bridgestone и Metzeler се уште го забрануваат тоа.  

Постојат неколку начини да ја залепите гумата, а исто така има и многу начини како да ја напумпате. Трите најчести начини се: боци со CO2, електричен компресор и рачна пумпа.

mcg main sidebar 1 option a

Доколку користите компресор кој е приклучен на батеријата на мотоциклот, тогаш ќе можете да ја напумпате гумата кога и да посакате. Но овие направи може да бидат малку скапи. Рачните пумпи, како оние што е користат за велосипеди, исто така ќе можете долго време да ги користите, но за нивно користење треба малку поголем напор.  Боците со CO2 се исто така популарна опција. Тие се компактни  и лесно се користат, но ќе ви бидат потребни неколку такви за да ја напумпате гумата. Лошата работа кај нив е што можете да ги користите само еднаш.  Доколку користите вакви боци, бидете внимателни бидејќи гасот во нив е екстремно ладен.

Back To Top