Кражбите на мотоцикли се во пораст, па затоа кога ќе решите да го продадете мотоциклот, бидете многу внимателни.
Кражбите на мотоцикли се во пораст, па затоа кога ќе решите да го продадете мотоциклот, бидете многу внимателни.
Поради некоја причина, се уште има луѓе кои наседнуваат на најстариот можен трик. А тоа е кога го давате мотоциклот на пробно возење без никакво осигурување. Неодамна, еден човек од Австралија го направи токму тоа и на крај остана без својот Ducati 899 Panigale.
Објавувате дека го продавате вашиот мотоцикл, и веќе следниот ден ви се јавува некој и ви вели дека сака да дојде и да го види. Се договарате со лицето кое изгледа заинтересирано за вашата машина и кое тврди дека има доволно пари за да го купи. Но, тој или таа, сака претходно да го проба мотоциклот за да се увери дека е исправен.
Потенцијалниот купувач пристигнува со автомобил и ви вели дека ќе ја остави колата кај вас во гаража како осигурување дека ќе се врати и ќе го купи мотоциклот доколку се биде во ред. Може дури и да ви ги остави клучевите од автомобилот.
Се изгледа добро, му ги давате клучевите и го гледате лицето како си заминува со вашиот мотоцикл. После еден час почнувате да станувате нервозни и му се јавувате на човекот. Забележувате дека телефонот е исклучен а исто така и автомобилот што ви е оставен како осигурување го нема.
Се јавувате во полиција и од таму ви велат дека сте измамени, неговата лична карта е фалсификат а веројатно и автомобилот што ви бил оставил е украден. Што е уште полошо, и осигурителната компанија нема да ви исплати обештетување бидејќи вие самостојно сте ги дале клучевите.
Следниот пат кога ќе се решите да го продадете мотоциклот, во никој случај немојте да ги дадете клучевите пред да ви бидат исплатени парите што ги барате за него.
Извор: rideapart.com