Новата гума на Dunlop е токму она што можете да го очекувате: Комбинација на уникатни компоненти кои имаат за цел да креираат една од најразновидните улични пневматици кои Dunlop некогаш ги има направено.
Mutant е последниот додаток на Dunlop. Оваа гума има агресивна шара, овозможува добар контакт со површината без разлика дали има дожд или грее сонце и има голема издржливост. Можеби најинтересната информација е тоа дека Mutant е достапна во неколку големини и одговара на повеќе од 250 различни модели на мотоцикли достапни во САД.
Комбинирајќи лесна, Jointless Belt, конструкција, Apex технологија како и ексклузивната MT Multi-Tread технологија на Dunlop, новиот пневматик обезбедува удобно возење, издржливост и добар контакт со површината.
MT Multi-Tread на задната гума и овозможува поголема издржливост во споредба со пневматиците кои имаат едно соединение. Ова ја прави новата гума на Dunlop идеална за туринг возење но и секојдневно патување низ град.
Комбинацијата на силикат, соединение кое ја подобрува стабилноста при влажни услови, и длабоката шара која овозможува да не се задржува водата, на Mutant му обезбедуваат одлични перформанси при влажни временски услови.
Заедно со агресивниот изглед и перформанси, Mutant е достапен во неколку големини кои одговараат на повеќе од 250 различни модели на мотоцикли. А со оглед на издржливоста и перформансите, оваа гума е идеална за сите временски услови.
Технологија:
MT Multi-Tread
Патентираната MT Multi-Tread технологија на Dunlop која ја има на задното тркало, користи цврсто соединение кое се наоѓа на средина на шарата за да се постигне максимална издржливост. High-grip lateral соединенијата кои се наоѓаат по рабовите на гумата имаат за цел да обезбедат што е можно подобар контакт со површината и подобри перформанси.
JLB
Jointless Band технологијата користи „continuously wound belt“ внатре во рамката на гумата, лимитирајќи го порастот на гумата и го прави управувањето многу поконзистентно.
4ST
4 Seasons Technology ги комбинира ply материјалите и соединението од силикат. Тоа овозможува водата за брзо време да се отстрани од гумите и да се овозможи максимална тракција на влажни услови.
RPC
Rayon Ply Casing материјалот и овозможува на гумата побрзо да се загрее.
Hi Silica
Ова соединение овозможува голема флексибилност, особено при пониски температури.