motori MX_OpenПретставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а воедно и наши најдобри мотокросисти Христиан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа исклучителен успех на натпревар од отворениот грчки шампионат во мотокрос кој се одржа на 16 септември на патеката „Птолемаида“ (Каљари) во Грција.

MX Open

Претставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а воедно и наши најдобри мотокросисти Христиан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа исклучителен успех на натпревар од отворениот грчки шампионат во мотокрос кој се одржа на 16 септември на патеката „Птолемаида“ (Каљари) во Грција.

MX85

Имено, Илиоски и Томовски остварија 1-2 победа во отворената класа оставајќи ги далеку зад себе домашните натпреварувачи во двете возења. Илиоски кој настапи со нов мотоцикл од марката Кавасаки, во второто возење го постигна и убедливо најдоброто време во еден круг со 1:36,90. Во оваа класа настапи и уште еден наш натпреварувач, Никола Гулевски кој на крајот го освои шестото место.

MX65

Нашите најмлади репрезентативци исто така се вратија со пехари. Најмладиот, 8-годишниот Лука Ристевски беше трет во класата МХ65, додека неговиот брат Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ беа втор и трет во класата МХ85.

Извор: „МФМ“

Back To Top