motori hristian-ilioskiНашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на петтиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Младина, Хрватска.

hristian-ilioski

Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на петтиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Младина, Хрватска.

Илиоски со тоа уште еднаш ќе се запише во аналите на македонскиот мотоциклизам и спорт како прв наш учесник на натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3. Во 2009 година популарниот Кико настапи на еден натпревар од највисок ранг во класата МХ2. Според утврдениот план тој до крајот на сезоната ќе настапи на уште 3 трки во Словенија, Словачка и Германија. За разлика од македонскиот шампионат каде што настапува со мотоцикл Хонда и доминира во класата МХ2, Илиоски на меѓународен план ќе вози КТМ.

Класата МХ3 е се популарна и за натпреварот во Хрватска се пријавени дури 58 мотокросисти од 22 земји. Интересно е дека во исто време ќе се одржи и трка од Светскиот шампионат во мотокрос за жени со вкупно 30 учеснички.

Тренинзите и квалификациската трка во двете конкуренции се предвидени за сабота 2 јуни, а двете возења што ќе ги одредат најдобрите се на програмата во недела 3 јуни.

Извор: „МФМ“

Back To Top