Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат
После двете втори места на трките во Серес, Слободан Ивчевски денеска на првата трка од викендот во Романија дојде до првото место во класата F1000. Тој го оправда првото место на вчерашните тренинзи и денешните квалификации и стигна до одличен резултат.
Ивчевски возеше одлично и успеа да финишира прв, додека Игор Спиров денеска ја зазеде 4-та позиција во истата класа.
Досега се извозени три трки, а после нив Ивчевски е лидер со 65 бода, додека Игор Спиров со 37 поени го зазема 3. место во генералниот пласман. Во класата SP125 која имаше двојно повеќе мотоциклисти отколку во Серес, Христијан Бузалковски успеа да заврши на 2. место.
Нивниот успех и го донесе на Македонија третото место во екипна конкуренција.
Утре се возат нови трки во сите класи, а добрата форма се очекува да биде потврдена од страна на тројцата македонски мотоциклисти.
За сите слики од денешните трки кликнете овде.