(Време на читање: 1 минута)


На втората трка од Балканскиот ендуро шампионат кој ке се одржи викендов (13/14.05) во Гревена Грција ќе настапи единствениот наш преставник Драган Ванов (МК Мото Велес).

На втората трка од Балканскиот ендуро шампионат кој ке се одржи викендов (13/14.05) во Гревена Грција ќе настапи единствениот наш преставник Драган Ванов (МК Мото Велес).

18425786 10203445139605776 1131672799 n

Ванов ќе настапи во класата Е1 јуниор за возачи до 23 години. Трката која ќе се вози два дена ке биде екстремно тешка, имајќи предвид дека оваа патека и специјалните тестови, (еxтрим, ендуро и крос тестот) се подготвени неодамна за трката од светскиот ендуро шампионат Ендуро ГП која ке се одржи во Гревена на крајот на јуни.

18425835 10203445139485773 861944552 n

За Драган ова е втора трка која ќе ја вози сезонава, се надеваме дека ќе ја заврши успешно како и првата, од него очекуваме добра трка и бодови кои ќе значат многу во конечниот пласман во овој шампионат. 

vanov enduro grcija

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: