Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија
Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија
Македонските кросисти имаа одличен настап на трката од отворениот шампионат и шампионатот во мотокрос на Албанија на трката која викендов се возеше во близина на градот Драч.
Успехот на нашите натпреварувачи е уште поголем ако се знае дека трката се возеше на плажа крај Драч, тешка подлога за возење, а уште потешка ако за прв пат возите на неа.
По покана од мото клубот „Албаниа Мотокрос“, натпреварувачите од „ЛТД Битола“-Битола и „Мотокрос Шари“-Тетово дојдоа до пехари во класите МХ2 и МХ3. Во класата МХ3 имавме и целосно македонски подиум, највисоко се искачи Костов Борче - Жолтио, втората позиција му припадна на Арбен Имери, а третата на Џавит Адили. Во класата МХ2 најголем успех забележа Гулевски Никола - Бабуш, освојувајќи го првото место, а Хамит Џеладини во првата трка го освои третото место.
Следната трка на која ќе можат да ги продолжат успешните настапи е закажана за 1-ви септември во Самоков, Бугарија, а планот е потоа да настапат на трка од Источно-Европското првенство во Турција. До крајот на сезоната на меѓународен план ги чека уште две трки во Бугарија, а во домашното првенство за сега сигурна е само трката на 15 септември во Братиндол.