Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?
Ова би можело да ви изгледа како чудно прашање, но тоа не е само обична шпекулација. Австриска компанија која има големи проблеми , барем за еден ден е најмногу барана и тргувана на Австриската берза, откако беше објавено дека склучила договор да создаде специјална Ducati едиција на своите ефтини електрични скутери.
Скутерот нема да биде нов модел туку ќе биде лимитирана верзија на CU-X скутерот кој се продава во Азија и Европа. Од Vmoto велат дека моторот кој има 2.8 kW креира 85 вртежи во минута. Во Европа, најголемата брзина му е лимитирана на 31 километар на час. Со едно полнење на батеријата може да помине 65 километри а батеријата лесно може да се отстрани за полнење.
Но изненадувањето тука не е влезот на Ducati на пазарот за електрични мотоцикли. Извршниот директор, Клаудио Доменикали веќе најави дека компанијата наското ќе има електричен мотоцикл. Тие веќе ја преставија и соработката која ја имаат во овој сегмент со Италијанската компанија Thok Ebikes. Спортскиот мотоцикл кој наскоро треба да пристигне ќе биде во согласност со традицијата на Ducati.
Но скутерот ќе биде нешто сосема поинакво а единствениот удел на Ducati во целата приказна ќе биде само името. Дури и самата објава на директорот на Vmoto, ни навести дека ова ќе биде голема работа за нив а не за Ducati.
„Ова е одличен договор за Vmoto и ние сме воодушевени што Ducati , кој е познат по тоа што е врвен производител на Италијански мотоцикли, се согласи да ја поврзе својата врвна репутација и бренд со нашите електрични возила."

Дали е само до мене или навистина звучи како Австриската компанија и самата да е изненадена што Ducati се согласи на ваков договор?
Во секој случај, главната приказна тука е каков ќе биде првиот електричен мотоцикл на Ducati. Перформансите не се толку комплицирани, но еден од главните приоритети кај спортските модели е во директна спротивност со тоа колкаво растојание ќе може мотоциклот да помине со едно полнење на батеријата. Доколку ставите повеќе батерии, мотоциклот ќе биде потежок но и поскап.
Исто така, пазарот на електрични супербајк модели во моментов ми делува дека е преполн. Lightning ветија дека од летово ќе почнат со дистрибуција на моделот Strike а исто така и Energica е одлично позиционирана на пазарот. Да не го заборавиме само и фактот колку луѓе кои сакаат да вложат сериозни средства за да купат мотоцикл ќе сакаат да имаат електричен модел. Да вложите 25 илјади долари за Energica со кој ќе можете да поминете само 125 милји ми се чини како прилично скапа играчка.
Очекувам Ducati да престави некој интересен спортски мотоцикл само колку да привлече внимание а потоа да направи неколку попрактични електрични модели, слично како што во моментов прави Harley-Davidson. Во меѓувреме, оние од нас кои живеат во Европа и Азија, додека го чекаме она вистинското, ќе имаме можност да се возиме со електричен скутер на Ducati.

Коментари