(Време на читање: 1 - 2 минути)


За само една недела ќе можеме да го видиме Ducati Streetfighter V4.

За само една недела ќе можеме да ја видиме продукциската верзија на Ducati Streetfighter V4.  Компанијата која доаѓа од Борџо Панигале не треба премногу да се труди за да не импресонира, пред се бидејќи спецификациите на Streetfighter V4 зборуваат сами за себе.

Видите го само ова: 208hp @ 12,750 rpm кои доаѓаат од  1,103cc Desmosedici Stradale моторот, аеродинамични крилца како и електронскиот пакет кој може да се најде кај Panigale V4.

Сето ова го прави 2020 Ducati Streetfighter V4 една од најдобрите машини на пазарот а спецификациите ги исполнија нашите очекувања од овој мотоцикл.

Ducati Streetfighter V4 prototype 04 txt 1 21 10

Секако дека Ducati ќе сака да напомене дека овие врвни спецификации се многу подобри отколку кај нивните главни ривали а Streetfighter V4 за Италијанската компанија преставува враќање на спортскиот сегмент.

Не веруваме дека изгледот на мотоциклот ќе се разликува премногу од прототипот кој го видовме на Пајкс Пик, пред се бидејќи Streetfighter V4 и Panigale V4 имаат голем број на сличности.

Она што во моментов се уште е непознато е цената на Ducati Streetfighter V4 бидејќи таа би можела да биде сериозен фактор во целокупниот успех на мотоциклот.

Според нашите проценки, Streetfighter V4 би се продавал по цена од 18000 евра. Цената е прилично висока но е слична со останатите мотоцикли од оваа категорија.

Ќе мораме да почекаме уште малку за да ја дознаеме официјалната цена на овој мотоцикл како и конечните спецификации.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: