(Време на читање: 1 - 2 минути)


thumb_vision50-1Новиот скутер од Хонда наречен Vision 50 беше создаден со цел да понуди доверлив, забавен и мобилен скутер за ниска цена. Наменет за секојдневна употреба од различни профили на луѓе, тој нуди издржливост, безбедност и лесно управување на кое може да му позавиди секој скутер.

vision50-1

Новиот скутер од Хонда наречен Vision 50 беше создаден со цел да понуди доверлив, забавен и мобилен скутер за ниска цена. Наменет за секојдневна употреба од различни профили на луѓе, тој нуди издржливост, безбедност и лесно управување на кое може да му позавиди секој скутер.

Со мотор кој има ефикасно електронско вбризгување на бензинот, стабилна и лесна шасија, скутерот го користи и напредниот систем за кочење на Хонда наречен CBS (Honda's Combined Braking System), а вклучува и навистина голем простор за багаж. Vision 50 е паметен избор на секој кој сака да заштеди време и пари при секојдневниот превоз.{gallery}vision50{/gallery}

Штедењето на пари се однесува на економичниот едно-цилиндричен, четворотактен агрегат кој троши неверојатни 1.6 литри на 100 километри! Доколку се земе во обзир дека резервоарот е со капацитет од 5.5 литри, со едно полнење можете да поминете 285 километри. Доколку економичноста не е она што ве заинтересира, погледнете го големиот простор за багажот, а тука се и електричниот стартер, стилизираната инструмент табла и ергономската поставеност на седиштето за целосно задоволство.

Vision 50 е направен благодарение на богатото искуство на Хонда со скутерите. Првиот Хонда скутер е направен во далечната 1954 година, бил наречен Juno K, за четири години подоцна да биде заменет со легендарниот Super Cub (кај нас познат и под името Папаки). Со повеќе од 60 милиони произведени скутери, Super Cub е најпродаваниот скутер во светот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: