(Време на читање: 1 минута)


MV Agusta потврди дека ќе биде произведен само еден Dragster 800 RC Shining Gold.

MV Agusta потврди дека ќе биде произведен само еден Dragster 800 RC Shining Gold и дека тој веќе е доставен до клиентот. Одредени делови од мотоциклот имаат  златна боја која е добиена  преку специјален процес. Останатите делови се изработени од алуминиум и јаглеродни влакна а мотоциклот има и Project Reparto Corse издув, кој исто така има златна обвивка.

shining gold above

MV обезбеди и специјална X-Lite X-803 Ultra Carbon кацига која има златна боја.

Зборувајќи за мотоциклот, од Италијанската компанија изјавија: „Мотоцикл е креиран за специјален купувач а овој уникатен модел ги обединува во едно врвните детали и дизајнот.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: