(Време на читање: 1 - 2 минути)


Априлија направи одлична работа со новиот мотор, а доказ за тоа е и самоувереноста на Еспергаро.

Се работи за комплетно нов мотор од производител чиј најдобар резултат беше шестата позиција во услови во кои паднаа повеќето од возачите на трката. Првиот официјален тест во Сепанг ги подгреа надежите за Априлија, Еспергаро имаше фантастичен настап и оправдано изјави дека доколку трката би се возела утре во Сепанг, тој би се борел за подиумот. Сепак трката во Сепанг ќе биде за 10-на месеци.

41 aleix espargaro esp dsc6901.gallery full top fullscreen

„Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните на друга патека, важно ни е да ја подобриме издржливоста на моторот бидејќи сега доколку стискам повеќе од 10 кругови нешто се случува со моторот. Значи не станува збор само да бидете брз на еден круг, јас направив време од 1m 58.6, но она што ми е поважно беше симулацијата на трка, 12 кругови во кои покажавме огромен потенцијал“.

„Можеби сум премногу оптимистички расположен, но тоа се должи на новиот мотор, среќен сум и возбуден“ - изјави Еспергаро по тестот во Сепанг. „Губев три до четири десетинки во однос на Дукати, но на симулацијата на трка направив подобро време и од Дукати и од Квартараро на Јамаха“.

„Никогаш не можете да знаете што ќе се случи во Катар, но во моментот сум навистина среќен“. - дополни тој.

На тестот во Сепанг не беше се така розево за Априлија, моторот запре по поголем напор, но според зборовите на механичарите тоа било очекувано. Еспергаро побарал од тимот да му дозволат да го однесе моторот до максимумот, и тоа се случи. На симулацијата на трка по 13 круга моторот запре. За тимот важно е тестирањето бидејќи ги имаат параметрите кои ќе спречат истото да се повтори и во иднина. Проблемот овој пат бил до издувот, но дали ќе имаат време да го средат проблемот пред почетокот на сезоната останува да видиме.

Првата трка се вози под рефлекторите во Катар на 8-ми март.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: