(Време на читање: 1 минута)


Долго очекуваната документарна серија посветена на 2021 MotoGP сезоната конечно е потврдена дека ќе ја има својата интернационална премиера следниот месец. 

motogp unlimited

Веста за официјалната интернационална премиера доаѓа ден пред премиерите во Шпанија и Франција. Утре, 16 февруари, во Мадрид во присуство на Marc Marquez, Joan Mir, Maverick Viñales, Jack Miller, и најдобриот новајлија во 2021 Jorge Martin премиерно ќе бидат прикажани две епизоди. Веќе следниот ден на 17, следните две епизоди ќе бидат прикажани во Парис, франција овој пат во салата и на промоцијата ќе бидат Fabio Quartararo, Francesco Bagnaia, Alex Rins, и други преттавници на MotoGP. 

Еден твит на официјален профил на Амазон го потврди датумот за премиерата која нам ни е важна. 

Серијалот има вкупно 8 епизоди по педесетина минути а е комплетно снимен во текот на 2021 година. Тимот на The Mediapro Studio ги следел возачите на и надвор од патеката за време на многу позитивни но и негативни моменти за време на најжестоките натпреваруваа. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: