(Време на читање: 1 минута)


Возачот на Ducati Lenovo Team, Франческо Бањаја, утрово успешно беше подложен на хируршка интервенција на десното стапало, со цел санирање на повредите здобиени за време на спринт трката за Големата награда на Катар.

Бањаја се здоби со двојна фрактура на четвртиот и петтиот прст на десното стапало по тешкиот пад во раната фаза од спринтот што се возеше минатата сабота.

Pecco_Bagnaia

Операцијата беше изведена во клиниката Humanitas Cellini во Торино, под водство на д-р Луиџи Милано. За време на зафатот, медицинскиот тим успешно постави плочка на четвртата метатарзална коска на десното стапало.

Италијанскиот возач ќе започне со процесот на рехабилитација во најкраток можен рок. Времето потребно за негово враќање на патеката сè уште не е прецизирано и ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување во текот на наредните денови.

Сè уште не се знае дали Пеко ќе биде подготвен да настапи на Гран При Португалија кое се вози од 20 до 22 ноември.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: