(Време на читање: 1 - 2 минути)


Се чини дека се ближи крајот на допинг сагата со Андреа Ианоне.

Во соопштението кое го објавија денеска, Арбитражниот суд за спорт соопшти дека судот кон средината на ноември ќе ја донесе конечната одлука по двете жалби поднесени против 18 месечната забрана за Андреа Ианоне кој падна на допинг тест. Има две жалби бидејќи Ианоне не е единствениот кој се противи на ваквата одлука.

Откако првичната казна му беше намалена од две години на 18 месеци, Светската Антидопинг агенција (WADA) поднесе приговор барајќи од FIM да му додели казна од 4 години, колку што предвидува нивниот правилник, документ на кој е потпишан и FIM.

andrea iannone motogp

Доколку одлуката биде соопштена на средината на ноември а Ианоне добие позитивен одговор, тоа ќе значи дека тој ќе може да настапи на трката во Портимао а можеби и на една од трките во Валенсија.

Но исто така тоа ќе и помогне и на Aprilia во одлуката кој да му биде нов тимски колега на Алеш Еспаргаро во сезоната 2021. Кал Кратчлоу и Бредли Смит се дел од возачите кои се надеваат дека ќе бидат избрани.

Се чини дека првиот избор на Aprilia, Андреа Довициозо,ќе одбере следната сезона да биде тест возач со можност да се врати во серијата во 2022 година наместо да вози со релативно слабата Aprilia RS-GP машина.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: