Позната патека сместена во сончевата Калифорнија, конечно ја добива потребната грижа.

stoner rossi

Патеката која своевремено беше домаќин и на MotoGP, а до 2019 година на WSBK, ја очекува комплетно реновирање што ќе и го врати сјајот, а веројатно ќе и врати повторно и некој од големите автомото шампионати. 

Laguna Seca e арената позната по возбудливите претекнувањата во онаа спирална S кривина Corkscrew, во која во 2008 Rossi го изведе едно од најпознатите претекнувања во историјата на MotoGP, поминувајќи го неочекувано Автралиецот Stoner. Всушност целата трка изобилуваше со неверојатни претекнувања во високо темпо кое ги одвои двајцата протагонисти далеку пред останатите учесници. Rossi пак од друга страна виде реприза од претекнувањето 5 години подоцна, но овој пат во улога на претекнат. Тогаш младиот Marquez, во својата прва сезона во MotoGP, како да сакаше на сите да им покаже дека ги има научено сите трикови на големите мајстори, па ја чекираше листата на претекнувања, или улично кажано стави уште една рецка.

Познатиот свиок во кој влегувате на слепо, заради висинската разлика, знае опасно да ги казни грешките. Прашајте го Toprak за искуството.

Инаку патеката е последен пат темелно освежена во 2007 година кога е нанесен нов асфалтен слој. Од тогаш многуте трки,  што на 2 што на 4 тркала, оставија длабоки траги, па како и поновата американска патека COTA, и оваа е веќе зрела за нова подлога.

Патеката која е изградена во 1957 година во првата фаза се планира да потроши околу 10 милиони долари за реновирање на патеката и познатиот надвозник на стартно целната рамнина преку кој поминуваат гледачите, по што следи и реновирање на околината и објектите кои беа една од главните причини за напуштање на патеката која едноставно не држеше повеќе чекор со модерните нови патеки. Сето ова ќе ја заокружи цифрата на инвестии на бројка од околу 66 милиони долари.

Да се надеваме дека оваа тркачка икона ќе продолжи да ни приредува нови адреналински возбудувања и во иднина!

Back To Top