(Време на читање: 3 - 5 минути)


Дознавме дека Марк Маркез добро размислил како му помина минатата сезона. Со оглед на тоа како заврши, сигурно ќе може да научи нешто што ќе му служи во иднина.

Но пред да ја завршиме приказната за сезоната 2015, за доброто на Марк и на екипата, добро е да дознаеме кога се случи моментот од кој немаше враќање. Тука секако е и настанот кој беше главна тема во медиумите: Аферата со Валентино Роси. Не сакав да се навраќам во минатото но морав да прашам. Тоа ми беше обврска. Но главното прашање беше како да му пристапам на овој проблем?

Оваа сезона, Марк шест пати не ја заврши трката. Ниту еднаш тоа не беше поради механички проблем. Разговаравме со него за сите шест несреќи што ги доживеа. Го прашавме да ни објасни како се случи тоа и како се чувствуваше после тоа. Имаше уште два други инциденти кои ја одбележаа сезоната многу повеќе отколку падовите. Ќе се обидеме да ги презентираме хронолошки. Продолжете да читате и обидете се да се ставите во негова ситуација.

5034334 3x2 940x627

Трката во Катар... Петто место после грешка на стартот: Ова беше првата грешка. Не беше толку важна. Имавме проблем со моторот кој беше премногу агресивен и не успеавме да најдеме начин да го скротиме. Она што се случи на стартот беше поради брзината. Предното тркало не беше на асфалтот и мотоциклот се тресеше. Кога стигнав до првиот свиок, не успеав да запрам. Другите возачи беа во близина и ја загубив позицијата. Тие поминуваат покрај тебе и од тоа си дезориентиран. Загубив неколку позиции но подоцна завршив на петото место. Во секој случај, успеавме да се спасиме.

Трката во Аргентина... Пад по допир со Валентино Роси. Што чувствуваше?  Гнев? Фрустрација? Бес?: Аргентина беше посебна трка. Не ги познававме пневматиците бидејќи беа различни од минатата година. Минатата година пневматиците беа тврди и беа добри но оваа сезона не можевме да ги употребиме. Затоа и ризикувавме со меки гуми. Но Роси ме претекна на два круга до крајот. Не знаев каде се наоѓа Роси, па затоа кога го променив правецот, не очекував дека и Роси ќе биде таму. Тој го допре моето предно тркало и јас паднав. Тоа беше тркачка несреќа. Гневен? Тој беше навистина гневен бидејќи дваесетте бода му беа сигурни.

Трката во Италија...Пад: Тој викенд претрпевме многу. Не излеговме на втората квалификациска трка и стартувавме од тринаесетото место. За три круга се најдов на второто место, но знаев дека немам добар мотоцикл.  Но се обидов да притиснам најмногу што можам. И секако, направив грешка. После овие трки знаевме дека нешто не е во ред, дека нешто мора да се менува.

Монтмоло... Пад при обид да го претекнеш Лоренцо:  Монтмоло беше пресвртната точка, патека на која речиси секогаш сум добар, патека на која која победив минатата сезона. Одлично се сеќавам на случката. Имавме проблем со моторното кочење при влегување во свиок. Тоа не беше конзистентно. Мотоциклот премногу се тресеше при сопирање. Тоа е во ред кога си на тренинг, но кога имаш возачи пред тебе е поинаку.  Обично јас сум специјалист во следење на некој возач и потоа да го претекнувам. Но сега не можев. Секако дека се обидов, но погрешив.  Влегов во гаражата и им кажав на момците: „Извинете, не знам што се случи.“ Но после тоа се подобривме. Тоа беше пресвртна точка.

Асен... Второ место по нов инцидент со Валентино Роси:  Во Холандија, искрено си мислев дека победив на трката.  Но на крајот победи Роси.

Силверстоун... Пад на дожд: Пред Силверстоун, ние веќе имавме неколку добри трки на суви услови. Проблемот тука е што не го тестиравме мотоциклот на влажни услови. Оваа година на тренинзите не заврна ниту еднаш. Но како што кажав претходно, главен проблем беше моторното сопирање. Тоа најмногу ни создаваше проблеми оваа сезона. На трката во Силверстоун им кажав на техничарите дека сопирањето не е добро на средина на свиокот. Ми дадоа неколку опции. На почеток се беше добро и можев да бидам брз. Но после мала промена на условите, мотоциклот стана премногу осетлив. Ја променив мапата, но тоа не беше доволно. Стигнав до крајот на правецот но тогаш се случи падот.

Арагон... Пад на вториот свиок. Дали ова е моментот кога се откажа од борбата за титула?

Не, мислам дека немаше таква трка. Можеби на трката во Силверстоун ги загубив шансите. Можеби дури и претходно. Во Арагон направив сериозна грешка. Уште на почетокот на трката знаев дека ќе се мачам. Знаев дека крајот е мојата посилна страна. Имаше и други трки како оваа, во Малезија и Австралија на пример. И тука знаев дека на почеток ќе се мачам но дека треба да бидам трпелив. Но секако, возевме пред домашна публика и знаев дека Хорхе ќе даде 100 проценти.

Трката во Малезија... Пад откако повторно се допревте со Валентино Роси и големите контроверзии после тоа: Гневен сум поради се што се случи но мислам дека треба да ја најдеме причината поради која се случи ссето тоа. А тоа беше на прес конференцијата во четвртокот. Таму почнаа сите проблеми. Сите овие настани се многу лоши за мотоциклизмот. Во денешно време сите мислат дека знаат се за возењето. Секако, има некои што навистина се разбираат, но јас имам чиста совест бидејќи на крајот само Валентино и јас знаеме што се случи на трката.  Јас го затворив тоа поглавје и сум концентриран на следната сезона.

Извор: pecinogp.com

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: