„Остин нема да биде лесна трка, но подиумот во Катар ни дава дополнителна мотивација“ - Валентино Роси
„Остин нема да биде лесна трка, но подиумот во Катар ни дава дополнителна мотивација“ - Валентино Роси
Инспириран од импресивниот настап кој го имаше по враќањето во Yamaha, Валентино Роси заминува на трката во Остин со екстра мотивација.
Роси, кој го освои второто место на премиерната трка во Катар, ќе има тешка задача да го победи тимскиот колега и победник на трката во Лосали, Хорхе Лоренцо.
И двајцата очекуваат поголем притисок од возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Дани Педроса, кои беа подобри на приватниот тест кој се одржа во Март.
Остин нема да биде лесна трка, но подиумот во Катар ни дава дополнителна мотивација. Направивме одлична работа таму и можеме да одиме во Остин со поголема сигурност. Нашите ривали ќе бидат многу силни, но нашата цел е да освоиме поени.
Навистина ми се допаѓа патеката. Распоредот е одличен: има надолнини и нагорнини и првата зона за кочење е многу техничка.
За мене првиот свиок е најдобар. Правецот е многу долг што е добро за претекнување. Со нетрпение ја очекувам трката.
изјави РосиТимскиот менаџер Масимо Мерегали изјави дека Yamaha ќе биде поконкурентна отколку за време на тестирањето.
Во Остин ќе имаме подобра форма. Податоците кои ги собравме таму ќе ни помогнат подобро да се подготвиме. Резултатите од Катар исто така ќе ни бидат корисни.
Најновите измени што ги направивме на нашиот мотоцикл ќе ни помогнат. Остин за нас нема да биде лесна трка но сигурно ќе биде подобро отколку тестот.
Масимо МерегалиНа приватниот тест на „CotA“ учествуваа само тимовите на Repsol Honda, LCR Honda и Yamaha.
Возбудувањата започнуваат во петок со следниот распоред:
Петок
Тренинг 1: 16:55 - 17:40
Тренинг 2: 21:05 - 21:50
Сабота
Тренинг 3: 16:55 - 17:40
Тренинг 4: 20:30 - 21:00
Квалификации 1: 21:10 - 21:25
Квалификации 2: 21:35 - 21:50
Недела
Загревање: 16:40-17:00
Трка: 21:00
На СпортКлуб каналот во живо ќе се пренесува првиот тренинг во петок, четвртиот тренинг во сабота како и двете квалификациски сесии и во недела во живо ќе може да се следи МотоГП трката со почеток од 21 часот по наше време.

Коментари