Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација..

Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација. Следната година сезоната ќе започне на 8-ми април со ноќната трка на патеката Лосаил за ГН на Катар.
Официјална потврда пристигна и за трката на патеката Херез која беше неизвесна. Во новата верзија на календарот за Германското Гранд При запишана е патеката Заксенринг, а ист е случајот и со патеката Есторил во Португалија и покрај тоа што овие две трки ќе треба дополнително да бидат потврдени. По се изгледа во 2012 нема да има промени за споменатите трки, но извесно е дека во 2013 на нивно место ќе се возат трките во Аргентина и Тексас.
Календар на MotoGP трки за 2012
| Датум | Голема Награда |
Патека | |
| 8. Април | ![]() |
Катар | Лосаил |
| 29. Април | ![]() |
Шпанија | Херез |
| 6. Мај | ![]() |
Португалија | Есторил |
| 20. Мај | ![]() |
Франција | Ле Ман |
| 3. Јуни | ![]() |
Каталонија | Каталонија |
| 17. Јуни | ![]() |
Британија | Силверстон |
| 30. Јуни | ![]() |
Холандија | Асен |
| 8. Јули | ![]() |
Германија | Заксенринг |
| 15. Јули | ![]() |
Италија | Муџело |
| 29. Јули | ![]() |
САД | Лагуна Сека |
| 19. Август | ![]() |
Индијанаполис | Индијанаполис |
| 26. Август | ![]() |
Чешка | Брно |
| 16. Септ. | ![]() |
Сан Марино | Мисано |
| 30. Септ. | ![]() |
Арагон | Арагон |
| 14. Октом. | ![]() |
Јапонија | Мотеги |
| 21. Октом. | ![]() |
Малезија | Сепанг |
| 28. Октом. | ![]() |
Австралија | Филип Ајленд |
| 11. Ноем. | ![]() |
Валенсија | Валенсија |


















Коментари