Suzuki конечно го претставија нивниот нов „seamless“ менувач за MotoGP моторите.
Пред да почне зимската забрана за тестирање, на патеката во Сепанг, Маверик Вињалес ја претстави оваа значајно подобрена компонента. Seamless box, која прв пат се појави кај Honda во 2011 година, дава полесно забрзување при излегување од свиок со тоа што го редуцира триењето, на овој начин без проблем се префрла во следната или претходна брзина без користење на кумплунг.

Во разговорот за „MCN“ по тестот, Бравио изјави дека сега откако кутијата е подготвена ќе можат да почнат да напредуваат, а новиот стандардизиран софтвер ќе биде поделен на останатите тимови.
Првите пред сезонски тестови за 2016 година ќе се одржат od 1-3 февруари на патеката Сепанг во Малезија, тестирањата потоа продолжуваат на Филип Ајленд во Австралија (17-19 февруари), а последното тестирање е закажано за на Лосаил (Катар) каде тимовите ќе бидат во периодот 2-4 март. Шампионатот започнува на истата патека на 17-ти март.

Коментари