Југоисточна Азија е многу привлечна за производителите на мотоцикли поради големата продажба и ефтината работна сила. MotoGP размислува да се прошири и во овој дел од светот.

Југоисточна Азија е многу привлечна за производителите на мотоцикли поради големата продажба и ефтината работна сила. MotoGP размислува да се прошири и во овој дел од светот.
Минатиот мај, Кармело Ецпелета од Дорна, зборувајќи за трките изјави дека „има и други проекти во Азија”. Покрај Motorsport City, кој ќе биде лоциран во близина на границата помеѓу Малезија и Сингапур, на календарот би можела да се најде и Buriram интернационалната патека која се наоѓа 320км северно од Бангкок.
Претставниците на новата патека, која е дизајнирана од Херман Тилке, неодамна се сретнаа со Ецпелета. За Британската интернет страна MCN тој изјави дека Тајланд би можел да се најде на календарот во 2015 година.
Невин Чидчоб,поранешен политичар и претседател на Buriram United, изјави дека одлучил да ја изгради патеката бидејќи е голем љубител на мотоспортот.
Патеката ќе биде завршена и подготвена за употреба до 4ти Октомври следната година и ќе чини 80 милиони евра.
Бидејќи Дорна нема намера да додаде повеќе трки на календарот, за да направи простор за Тајланд веројатно ќе откаже една од трките кои се одржуваат во Америка (најверојатно тоа ќе биде Индијанаполис) или една од четирите трки кои се одржуваат во Шпанија.

Коментари