После првиот тест во MotoGP со задолжителниот „ECU“, Валентино Роси изјави дека тоа е како скок во минатото.
Сепак за Јамаха значителен напредок беше постигнат за време на вториот ден од тестирањето во Валенсија - последната MotoGP акција за оваа година за Роси и неговиот тимски колега, шампионот Хорхе Лоренцо.
Тимскиот менаџер на Лоренцо, Вилко Зеленберг, за Crush.net изјави дека Yamaha се вратени три до четири години, и дека се уште ги чека многу работа.
„Точно е дека се уште треба многу да работиме на тоа, и секако овие мотоцикли од Honda и Yamaha, беа многу добро направени: контрола на тракцијата, моторното сопирање, се ова е важно,“ изјави Зеленберг.
„Одеднаш се е променето и користиме ECU систем кој никогаш до сега не бил тестиран. Затоа и не е чудно што тие беа толку изгубени првиот ден. Но штом ќе можат да ги прочитаат податоците, ќе можат да разберат што не е во ред. Тогаш ќе остане само да се прилагодат неколку работи.“
Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, се пожали дека новиот систем го преоптоварува моторот.
„Мислам дека истиот случај е и кај нас. Не можам да ви дадам точен одговор бидејќи не сум го возел мотоциклот, но она што можам да го слушнам од Хорхе е дека ECU-то воопшто не е добро.
Лоренцо го заврши тестот во Валенсија на петото место, а Роси беше седми.
Додека од Honda, поминаа три дена на патеката во Херез, Yamaha реши да не врши приватни тестирања се до 2016- та година. Тоа значи дека Роси и Лоренцо ќе се вратат на патеката дури во февруари во Малезија (Сепанг).

Коментари