(Време на читање: 1 минута)


Официјалните лица на патеката Лагуна Сека во САД вчера со официјално соопштение потврдија дека повеќе нема да се организира МотоГП на оваа патека.

BPulwtjCMAAAGGp

Официјалните лица на патеката Лагуна Сека во САД вчера со официјално соопштение потврдија дека повеќе нема да се организира МотоГП на оваа патека.

Главната причина е постоењето на две патеки кои се наменски направени за тоа, патеката во Индијанаполис и новата во Тексас „Circuit of the Americas“. Од друга страна Лагуна Сека е проект кој се води како непрофитен, па затоа и во МотоГП шампионатот до сега следевме трки само во кралската класа. Патеките се задолжени да ги покријат трошоците на тимовите за транспорт, а Лагуна Сека едноставно немаше средства за сите три класи.

Трките на фамозната патека се одржуваат од 1988 година, до сега се одржани 15 трки, а како што се вели во соопштението, за жал нема да следиме 16-та. Секако организаторите ја оставаат вратата отворена за во иднина, но засега, МотоГП календарот ќе биде осиромашен за една од највозбудливите патеки.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: