(Време на читање: 1 минута)


Тимот на Јамаха денеска и официјално потврди дека пензионираниот пет-кратен Светски шампион Хорхе Лоренцо годинава ќе настапи на трката во Каталуња.

За Лоренцо ова ќе биде прва трка за Јамаха по нивната разделба во 2016 година, по која тој помина две сезони во Дукати, а потоа и една во тимот на Хонда.

lorenzoyamaha 1580376318

Лоренцо го објави своето повлекување од МотоГП на половина од договорот со Хонда, а годинава се врати во тимот на Јамаха како тест возач. Сега Лоренцо ќе има прилика да им прави друштво на гридот на Роси, Вињалес, Квартараро и Морбидели со новиот M1 на 7-ми јуни.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: